Гостин во вчерашната емисија „Урбан таг“ на ТВ21 беше Васко Тодоров, познат по неговото хумористично алтер-его Тошо Малерот од легендарното К-15 шоу.
Воедно, во емисијата беше промовирана и познатата книга „Тошо Малерот: монологија“
Имено, во оваа книга се собрани култни монолози кои популарниот „батка“ ги има кажано во легендарното шоу „К-15“, како и скечеви кои не биле емитувани досега на телевизија.
