Васоски: Сакам Пандев да продолжи да игра, но тој треба да си донесе одлука

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Горан Пандев вчера постигна гол, и можеби тој ги игра последните натпревари за репрезенатцијата. Васоски, кој му беше соиграч на Пандев во националниот тим во минатото, а сега работи во неговиот тим Академија Пандев, посакува капитенот да продолжи да игра.

„Горан Пандев е лидер во оваа репрезентација, вистински капитен. Јас лично посакувам да продолжи да игра, потребен е. Од навивачки аспект сите би сакале да продолжи да игра“, рече Васоски на гостувањето во „10 МИНУТИ“ на ТВ21. 

Тој кажа дека самиот Пандев треба да ја донесе одлуката.

„Има зрели фудбалски години, и треба да го слуша своето тело. Самиот треба да одлучи дали ќе продолжи или не. Сепак, многу даде за репрезентацијата и за клубовите каде што играше“, вели Васоски.