Папата Франциско е стабилен, а рендгенската снимка на неговите бели дробови потврдува подобрување во последните денови, соопшти вечерва Ватикан.
„Клиничката состојба на Светиот Отец остана стабилна и покрај целокупната сложена медицинска слика. Рендгенската снимка на белите дробови извршена вчера радиолошки ги потврди подобрувањата забележани во претходните денови“, се вели во соопштението на Ватикан.
Папата (88) на 14 февруари беше примен во римската болница „Гемели“, каде дење прима терапија со висок проток на кислород, додека ноќе му треба неинвазивна механичка вентилација. Неодамна Ватикан соопшти дека папата е надвор од животна опасност, пренесува Index.hr.
