Папата Франциск (88) помина „мирна ноќ“ во болница во Рим каде во петокот ја започна својата четврта недела од лекувањето од билатерална пневмонија, објави во саботата Ватикан.
„Ноќта беше мирна, папата одмора“, напиша Ватикан во кусото утринско соопштение. кој од 14 февруари е во специјален апартман во болницата „Гемели“.
Папата имаше неколку напади на респираторна инсуфициенција од почетокот на неговата хоспитализација, последниот во понеделникот, но неколку дена Ватикан ја опишува неговата состојба како „стабилна“.
