Веб-страницата на ДИК и денеска недостапна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ниту денеска сајтот на Државната изборна комисија имаше проблеми. Едноставно не можеа да се видат резултатите од изборите, кои беа спроведени завчера.

Веднаш по изборите веб страницата беше хакирана од надвор, и не работеше речиси цела ноќ, па граѓаните беа скратени за можноста да ги следат резултатите.

И вчера имаше проблеми, а уште позбунувачки е тоа што беа давани и неточни информации за резултатите. Така на пример стоеше дека ДУИ победила во струмичко Ново Село, или во Демир Хисар.

И денеска, трет ден, сајтот никако да проработи. Вчера ДИК ги соопшти резултатите, а денеска до 21 часот партиите имаат рок да испратат приговори.