ВЕЧЕН: Клубот на Пеле објави само еден збор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле почина на 82-годишна возраст.

Целосно име му е Едсон Арантес до Насименто – Пеле а важи за еден од најголемите играчи на сите времиња.

Со репрезентацијата на Бразил три пати беше светски првак, рекорд што не го постигна ниту еден играч.

„Вечен“, изјави Сантос, клубот во кој Пеле го мина најголемиот дел од кариерата.