Вечерва на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје Македонија ја пречека селекцијата на Косово во рамките од плејофот од Лигата на нации.
Ова е натпревар од голема важност за двете селекции, но поради пандемијата навивачи на трибините ќе нема.
Оние кои купија билети пред да се донесе одлуката дека мечот ќе се одигра без публика, парите ќе им бидат вратени.
Ова ќе биде прв меѓусебен натпревар на Македонија и Косово.
Досега никогаш не се сретнале на официјален, ниту на пријателски меч. Мечот започна во 20:45 часот.
