Вечерва министерката Радмила Шекеринска во #ClickPlus на ТВ21

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вечерва ќе гостува на ТВ21 во емисијата „ClickPlus”.

Со Шекеринска ќе разговараме на актуелни теми, а пред се главна тема ќе биде „Со какво темпо продолжува македонската НАТО приказна?“.

Ќе разговараме и на тема односите на Бугарија со Македонија и почеток на преговорите со ЕУ, и за сите актуелни случувања во земјата.

Вечерва во 21:30 „ClickPlus” на ТВ21 со Радмила Шекеринска. Следете не и на социјалната мрежа „Фејсбук“.