Вечерва нема полициски час, туристите најзадоволни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

-Поради Велигден, вечерва нема полициски час, но сепак, кафулињата и рестораните согласно одлуката на Владата, мораа да се затворат во 20:30-вели репортерот на ТВ21.

Кафулиљата затворени, но прошетките на плоштад Македонија продолжуваат…

Некој мисли дека затворањето е добро, но туристите не се согласуваат.

„За мене е катастрофа, бидејќи оваа слика прави туристите да не доаѓаат повеќе. Поминавме 2 илјади километри за да дојдеме тука да поминеме 3 дена, но сѐ е затворено. Затоа, чекаме што поскоро да се вратиме дома. Градот е убав, луѓето се добри, но жал ми е…“

„Според мене олеснувањето на мерките не е добро. Затворањето на кафулињата е добат потег. Барем во кафулињата да се преземат мерки корисни за сите“.

„Ќе прошетаме малку, па потоа ќе одиме во хотел и ќе седиме таму. Се радувам што има слободно движење, што можеме слободно да се движиме и да уживаме во убавините на Скопје“.

Полицискиот час продолжува утре од 21, до 5 часот наутро.
Затворање нема да има и за празникот Бајрам, односно меѓу 13-ти и 14-ти мај.