Денеска во седиштето на СДСМ, со почеток од 19 часот, ќе се одржи седница на Централниот одбор, на која ќе се бира новото раководство на партијата.
Се очекува на ЦО новиот лидер на партијата Димитар Ковачевски и официјално да биде потврден како кандидат за нов премиер, како и да се гласа и за избор на нови потпретседатели, генерален секретар и Извршен одбор на СДСМ.
Претходно, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски си поднесе оставка од функцијата потпретседател.
Спасовски пред неколку дена во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека не треба да биде во новиот тим на партијата, односно дека Ковачевски треба да избере нови лица.
Според најавите, шефот на државата Пендаровски во среда ќе му го предаде мандатот за нова влада на Ковачевски.
