Вечерва земјотрес во Албанија, во близина на Валона

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер, се случи вечерва во близина на градот Валона на западниот дел од Албанија.

Земјотресот бил на длабочина од 2 километри.

Земјотресот, но со далеку помал интензитет бил почувствуван и во југо-западниот дел од Македонија.

Во текот на денешниот ден десетина земјотреси се случија и во Грција, особено во јужниот дел, а најсилниот бил со 3,6 степени според Рихтер.