Вечерва земјотрес во северниот дел на Албанија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Европската сеизмичка скала, го потресе северниот дел на Албанија, 52 километри северо западно од главниот град Тирана.

Епицентарот се случил во 22:13 часот, и бил во близина на градот Леска (Леж) на длабочина од 2 километри.

Серија на слаби земјотреси се случија во изминатите денови и во западниот дел од Македонија, во мавровскиот регион, а интензивни и силни земјотреси во изминатите недели се случија во јужниот дел на Грција на островот Крит.