Велика Британија официјално ја напушти ЕУ по 47 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По 47 години живеење заедно на полноќ, Велика Британија стана првата земја што ја напушти Европската унија, отворајќи ново поглавје во својата историја.

Овој пат е крај, потребни беа три и пол години преговори за да се дојде до овој момент и да се постигне она за што гласаа 52 проценти од Британците во 2016 година.

Тој историски момент, кој беше на полноќ во петокот, Централноевропско време, беше обележан во Велика Британија со прослави на оние кои се за и протести на оние против Брегзит.

Меѓу првите светски официјални претставници кои одговорија беше и американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео, кој во пораката на Твитер вети дека ќе ги „зајакне“ веќе силните односи со неговиот историски сојузник.

Пред британскиот парламент по одбројувањето од 30 последни секунди, околу 1.000 се собраа гласно навивајќи, пеејќи ја националната химна за време на расцепот.

Непосредно пред официјалниот распад, британскиот премиер Борис Џонсон во подготвениот говор рече дека Брегзит, од кој тој бил и голем застапник, ќе биде „голем успех“, „без оглед на пречките“.