Велковски: Долго време се чека за градинка, во Скопје повеќе од 2.500 деца се на листа на чекање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, во гостувањето во емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21 истакна дека долго време се чека за градинка.

Како што вели, во Скопје повеќе од 2.500 деца се на листа на чекање.

„Долго, морам да кажам многу долго, еве го наследивме со, во Скопје само повеќе од 2500 дечиња чекаат на листите, чекаат 3,4,6, 9 месеци. 16 детски градинки ќе бидат на располагање на општините за година, година и половина“, вели Велковски.