Велковски: Ја испуштивме можноста да креираме профили од младите за таму каде што во моментов недостасуваат работници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 изјави дека државата пропуштила навремено да создаде систем за насочување на младите кон профилите на работници кои најмногу недостасуваат на пазарот.

„Во образованието се темели дали еден млад човек ќе стане стручен работник или ќе продолжи со факултетско образование. Ја испуштивме можноста да ги креираме профилите на кадри што навистина ни се потребни. Тоа треба да се прави уште во средното образование, за младите навреме да ја добијат насоката каде може да се пронајдат во иднина“, рече Велковски.

Тој додаде дека денес имал средба со министерката за образование и дека ќе се работи на тоа младите да добијат појасна перспектива и ориентација за својата иднина уште во раните фази на образованието.