Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека над 100.000 пензионери добиле зголемување на пензиите од 14.000 на 20.000 денари.
„Ова е системски потег. Наследивме повеќе од 100.000 пензионери со пензија под 14.000 денари, а денес тие имаат 20.000. Сите забораваат дека токму тие беа жртви на транзицијата и на стечајните постапки, кога голем дел од нивниот стаж не беше платен. Со оваа интервенција исправивме една неправда“, изјави Велковски.