Велковски: Поддржуваме зголемување на платите, но треба да се најде вистинската методологија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 изјави дека Владата го поддржува предлогот на синдикатите за зголемување на минималната и просечната плата.

„Го поддржуваме зголемувањето на платите, но потребно е да се најде вистинската методологија за тоа да биде одржливо и правично спроведено“, порача Велковски.