Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 предупреди дека цените на становите достигнуваат нереални износи и стануваат недостапни за младите.
„Пазарот ги диктира цените, но тие се толку вртоглави што денес човек не може да си дозволи ни тераса, а не цел стан. Затоа е потребна поголема контрола и системски пристап“, изјави Велковски.
Тој додаде дека институциите ќе мора да понудат мерки со кои ќе се олесни пристапот на младите до сопствен дом и ќе се воспостави порамнотежен пазар на недвижности.