Велопатеката прави проблеми за Тетово – ќе биде проблем за автобусите кои сѐ уште стојат паркирани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со правењето на велопатеката, градот Тетово автоматски ќе изгуби 300 до 400 паркинг места. Ширината на овој пат е седум метри, а за да функционираат две ленти и велопатеката, во најголемиот дел од булеварот Илинден паркирањето ќе биде забрането.

Од општина Тетово го потврдија тоа велејќи дека со ставањето во функција на јавниот транспорт, паркирањето во најголемиот дел од овој булевар ќе биде забрането.

„На булеварот Илинден, односно во делот од Основен суд Тетово до кружниот тек, кај раскрсницата со булеварот Благој Тоска, по завршувањето на проектот велопатека, ќе биде забрането паркирањето на овој дел од булеварот со цел да се овозможи слободно и непречено движење и посебно на организираниот јавен транспорт  кој се очекува да почне да функционира наскоро. Забраната за паркирање на автомобилите на булеварот ќе важи за време на функционирањето на организираниот автобуски превоз, односно од понеделник до сабота од 6 до 22 часот“, велат од Општина Тетово.

Но, сообраќајниот инженер, Блерим Неими смета дека велопатеката не ги исполнува многуте стандарди бидејќи го намалува бројот на паркинг места и претставува пречка за урбаните автобуси.

„Велопатеката не ги исполнува условите бидејќи многу ќе ја намали ширината на патот, од друга страна општината предвидува организиран јавен превоз и ќе биде отежнато и слободното движење на јавниот превоз“, посочи Блерим Неими.

Неими вели дека во Булеварот Илинден за 20 до 30 отсто ќе се намали бројот на паркинг места, а само овој дел од градот сега има 1 200 паркинг места.

„Тетово и претходно но и сега има недостиг на паркинг места и со велопатеката ние ќе изгубиле уште паркинг места така да треба да се најде и друга опција, катна гаража или подземни паркинг места итн. Бројот на паркинг места таму е околу 1200 и 23 до 30 отсто од тие паркинг места ќе ги изгубиме“, истакна Блерим Неими.

Општина Тетово за ова велопатека платила 3 милион денари а парите се обезбедени од средствата за Посредување за изградба и ре-изградба на инфраструктурни објекти.