Властите на градот Венеција донеле одлука во градот да се постават 463 камери и сензори кои ќе го следат секој чекор на туристите и жителите.
Како најголем чекор во борба со големиот број на туристи, Венеција сака да има пристап на секое лице кое ќе стигне во градот. Тоа ќе биде можно со помош на 468 камери, оптички сензори и системи за следење на мобилните телефони, кои ќе можат да ги разликуваат туристите од локалното население.
Од каде дошле, каде одат, колку остануваат – сето ова ќе биде видливо од контролата соба.
Секои 15 минути властите ќе добиваат пораки околу посетата, колку гондоли се движат во Каналот Гранде, и дали нивото на морето е опасен.
Пред еден месец им е забрането на крузерите да влезат во Венеција, а меѓу новите правила ќе биде и барањето на туристите однапред да ја резервираат посетата, додека поединци ќе плаќаат и туристичка такса.
Доколку се утврди дека во градот има премногу туристи, ќе биде воведена забрана за влез во градот.
Сепак, за овој план постои опасност туристите да се откажуваат од патување поради финансиските средства, што би довело до големо намалување на буџетот на градот.
