Верувале или не: Сателит снимил дека ерупција од Етна стигнала дури до Кина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако звучи за рубриката „верувале или не“, сепак, е потврдено дека ерупцијата од вулканот Етна на Сицилија, стигнала дури до Кина, пренесува „Новости“ од специјалниот дописник.

Тоа го потврдила снимка од сателитот „Сентинел 5“ објавен на 8. март, а се однесува на ерупцијата која се случила 4. март. На снимката се гледа облак со сулфур-диоксид кој стигнал дури до Кина.

Со оглед дека од Етна и натаму продолжува да излегува пепел, за неколку дена ќе се види новиот ефект од овој вулкан.

Во три недели од првата ерупција, до сега имало седум, експлозии и прашината изгледаат спектакуларно, иако стигнуваат вести за штети со неизмерни последици.

Етна е сега вистинска опасност за животот и тоа не само за околните општини, туку ветерот носи големи остатоци и подалеку. Се бара прогласување на вонредната ситуација за економски да се помогне во огромната цена на собирање и депонирање на пепелта и остаток од вулканскиот материјал.