Факт е дека вервериците сакаат да чуваат желади за да се снабдат за зимата, но едена отиде предалеку. Таа изгради таен магацин со желади во нечија куќа и кога луѓето го најдоа, останаа во шок.
Кога тргнале да ја преуредат куќата, решиле да го отстранат кнауфот. Веднаш почнаа да паѓаат желади, во неверојатни количини.
Снимката изненади многумина, но признаа и дека им е жал за верверичката.
„Веројатно се трудеше доста за да собере толку желади, замислете кога се врати дома и сфати дека ги нема“, коментира една личност.
Очигледно таа се снабдуваше за пензија и сега остана без сè“, додаде друг.
