Ветер со брзина од 120км/ч, преврти брод во Њу Орлеанс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силните ветрови со брзина од 120 километри на час го превртеа бродот во близина на Њу Орлеанс, а во тек е голема потрага по екипажот.

Се сомнева дека на бродот имало околу 18 лица, а крајбрежната стража објави дека досега се спасени 6 лица.

Во моментот има две спасувачки екипи, а помагаат и бродовите што беа во близина.

Крајбрежната стража пристигнала 30 минути по превртувањето на бродот, долг 40 метри, а две лица биле веднаш извлечени. Неколку други приватни бродови спасија уште шест.

Патем, станува збор за брод кој најмногу се користи за превоз на работници до нафтените платформи, а е во сопственост на компанијата „Сикор марин“ во Хјустон.

Силно невреме ја погоди областа, а крајбрежната стража никогаш не добила толку многу повици за помош истовремено.