Министерот за правда Бојан Маричиќ во синоќешното издание на „ClickPlus“ на ТВ21 рече дека Владата во ниту една земја не суди и пресудува, но дека кај нас дијагнозите се веќе јасни.
„Мое мислење е дека поголем дел од судиите се професионални и си ја знаат својата работа. Но не сите ја вршат така како што треба. Исто така мислам дека постои одреден дел од судството што е впрочем и прикажано во извештајот на Прибе уште пред 5 години дека постојат елементи во судството кои се непосреден линк со политичарите или полициските структуи.“, рече Маричиќ.
Тој не се согласува со коментарите дека ништо не е направено во судството. Вели дека ветинг ќе нема во судството, но ќе има прочистување.
„Во овие три години ги почнавме процесите, и мислам дека не е чесно да се каже дека ништо не е направено, мислам дека имавме ситуација судството зарабено кое последно се ослободи. Да не заборавиме дека претседател на Врховен суд до скоро, тој беше дел од главните чинители во зарабената држав, да не заборавиме кој беше претседател на кривичниот суд до неодамна, кој исто така беше дел од тој систем“, рече Маричиќ.
Маричиќ истакна дека изразува целосно разбирање за сите семејства кои „настрадале“ од режимот на поранешниот премиер Груевски. Станува збор за 300 семејства кои имале најразлични трауми.
„Затоа разговараме за законот и можеме да најдеме решение. На иста страна сме дефинитивно. Критериумите се важни особено во тоа како да дојдеме да ги опфатиме оние кои навистина биле жртви. Да не одиме преширотко во дефинирањето на критериумитеи што се може да биде основа, надвор од тоа што веќе е основа“.
Маричиќ е уверен дека правдата може да се проправи во овој мандат на Владата. Зборувајќи и за случаите на СЈО, додава дека сите мора да добијат судска разрешница без политички договори.
