Ветувањата продолжуваат – изградбата на стадионот во Зајас до никаде

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Продолжуваат ветувањата за стадионот во Зајас, но ништо не е преземено на терен.

Абидин Абази го подари земјиштето за изградба на стадион, а Џевдет Далипи подари земјиште за отворање на патот до стадионот.

Но, како што може да се види од снимките, овој пат е претворен во депонија. Далипи дошол од Америка да гласа, а во меѓувреме го посетил и местото кое им го подарил на младите од селото Зајас, но од глетката останал без зборови.

„Јас го подарив со многу желба, а сега гледам дека наместо да биде  пат кој ќе води до стадион, стана место за отпад. Имам голема желба надлежните органи што поскоро да го направат за младината и за народот бидејќи сите избегаа во странство“, истакна Џевдет Далипи.

ТВ21 во февруари годинава известуваше за лошата  состојба на стадионот, а една недела подоцна во Зајас беше заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт, Авни Рустеми заедно со градежен инженер и рече дека стадионот ќе биде изграден за 4 или 5 месеци .

„Се наоѓаме во стадионот Зајас, во село Зајас . ТВ21 го посети овој стадион во февруари и март годинава, при што по прилогот на ТВ21 местото го посети зм.директорот на Агенција за млади и спорт, Авни Рустеми, кој вети дека стадионот ќе биде завршен за 4 или 5 месеци. Иако поминаа 8 месеци, овде нема никакво движење, а сега имаме ново ветување за стадионот“, вели репортерката на ТВ21.

Од тогаш не зборуваше за овој стадион. На 29 септември, 2 дена по почетокот на кампањата, Авни Рустеми на неговиот фејсбук даде друго ветување каде се вели дека издвоени се средства во вредност од 130 илјади евра.

„Агенцијата за млади и спорт, во рамките на капиталните инвестиции во спортската инфраструктура, наскоро ќе започне со реконструкција на фудбалското игралиште во Зајас – Кичево, според сите предвидени критериуми и стандарди од областа на спортската инфраструктура. Најповолна понуда на аукцијата за реконструкција на фудбалско игралиште во Зајас го даде Друштво за градежништво, производство, трговија и услуги ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ ДООЕЛ фш. Зајаз, Кичево (8.000.000,00 денари)“, вели Авни Рустеми.

Овој стадион порано беше функционален и тимот на Зајас одигра серија натпревари, но сега од отпад не може да се стигне до стадионот. ТВ 21 дознава дека во 2011 година за првата фаза од реконструкцијата на овој стадион биле издвоени околу 40 илјади евра од Агенцијата за млади и спорт, а тендерот го добила фирма од селата на Зајас, но освен мал објект која е уништен, не е направено ништо друго.