ВИДЕО: Авион излета од пистата во Канада

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Аеродром во Канада ќе биде затворен за сообраќај до крајот на денот, откако авион на „Флер ерлајнс“ се излизгал од пистата за време на слетувањето, јавува Си-Ен-Ен.

Летот F8 501 на „Флер ерлајнс“ од Ванкувер до Киченер-Ватерло превезувал 134 патници и членови на екипажот.

За среќа, никој не е повреден. Патниците безбедно излегле од авионот и со автобус биле пренесени до терминалот.

„Во согласност со процедурата на аеродромот, нашиот тим одговори на инцидентот за да се осигура безбедноста на оние што се во авионот“, се вели во соопштението на аеродромот, додавајќи дека канадскиот одбор за безбедност на транспортот е на лице место и врши анализа.