ВИДЕО: Авион излета од пистата во Нигерија, нема повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Летот P47190 на нигериската авиокомпанија Air Peace излета од пистата при слетувањето на Меѓународниот аеродром Порт Харкорт во неделата наутро.

Како што соопшти портпаролот на компанијата, Ефе Осифо-Виски, авионот тргнал од аеродромот Муртала Мухамед (MMA) во Лагос и при слетување во Порт Харкорт „малку излетал“ од пистата, но не претрпел никакви оштетувања.

Сите патници, како што се наведува, безбедно и мирно ја напуштиле леталката, и нема пријавени повредени во инцидентот.

Од авиокомпанијата повторно ја истакнаа својата заложба за безбедност:

„Ги уверуваме патниците и јавноста во нашата непоколеблива посветеност на највисоките стандарди за безбедност во сите наши операции.“

Инцидентот дополнително ќе се истражува од надлежните власти.