ВИДЕО: Авион се судри со хеликоптер на Карибите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Инцидент се случи на аеродромот „Ст. Бартс“ на Карибите, откако авион при слетување се судри со паркиран хеликоптер на аеродромот.

Видеото кое кружи на социјалните мрежи покажува дека авионот не успеа да се сопре навреме и да избегне судир. И натаму не е познато дали во хеликоптерот имало екипаж, и дали некој е повреден по овој судир.