ВИДЕО: Авион се урна меѓу згради во САД, има загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мал авион се урна во САД во Манхајм, во државата Пенсилванија, јавуваат медиумите во таа земја.

Според извештаите, има неколку загинати, но точниот броj не е утврден. Авионот се урнал меѓу згради и автомобили. Не е познато колку патници биле во авионот, и дали имало луѓе и на земја во моментот на уривањето.

На местото на несреќата веднаш пристигнале пожарникари. Повеќе детали се очекуваат во следните неколку часа.