ВИДЕО Авиони на Виз Ер пренасочени кон Приштина поради силен ветер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Два вечерни лета на Визeр кои требаше да слетат во Скопје се пренасочени во Приштина поради неповолни услови за слетување.

Полетувањата од Берлин и Ајнховен околу 18:20 и 18:50 добиле насока да продолжат кон аеродромот во Приштина.

Според метеоролошките податоци, над скопскиот аеродром е забележано појава којашто во авијацијата значи ненадејна промена на брзина или насоката на ветерот на мала дистанца, хоризонтално или вертикално.

Тоа може да биде опасно за авиони, особено при полетување и слетување.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека регистрирана е временска непогода, силен јужен ветер.

Поради силен јужен ветер кој го зафати скопскиот регион, а два авиони се пренасочени за слетување кон приштинскиот аеродром, додека други два се уште кружат и чекаат насока за слетување, се вели во краткото соопштение испратено од Центарот за управување со кризи.