ВИДЕО: Автобус кој превезувал деца со српски таблици излета од патот вечерва во Бугарија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Според сведок кој патувал во автобусот, тие се враќале од фолклорен фестивал и патувале за Белград.

На еден од повредените возрасни лица ќе му биде ампутиран екстремитет.

Автобус со деца се превртел во ендек на автопатот Тракија, изјави очевидец.

Несреќата се случила околу 20:10 часот на 216. км во правец кон Софија, недалеку од Стара Загора. Полицијата и пожарникарите се на терен. Сообраќајот во областа се одвива отежнато.

Многумина се повредени. Возачот на автобусот е повреден, соопшти МВР.