ВИДЕО: Автомобил експлодираше во центарот на Амстердам, луѓе панично бегаа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата во Амстердам соопшти дека попладнево автомобил се запалил на централниот градски плоштад Дам, откако претходно се слушнала експлозија.

Полицијата соопшти дека постои сомневање дека возачот на автомобилот го предизвикал пожарот и дека тоа го направил намерно, како и дека е повреден во експлозијата.

„Се сомневаме дека возачот сам го предизвикал пожарот. Во овој случај се води сметка за умислата. Возачот е повреден“, соопштија од полицијата.