Американскиот претседател Џо Бајден слета на аеродромот Париз -Орли. Тој беше пречекан од францускиот премиер Габриел Атал . Повод за посетата е 80-годишнината од слетувањето на 6 јуни 1944 година, чиешто одбележување започнува оваа среда. Веста ја пренесе францускиот информативен канал LCI.
Бајден во четврток треба да се упати на плажите на Нормандија за да го одбележи истоварувањето на сојузниците во 1944 година, масовна операција спроведена во најголема тајност од страна на Американците, Британците и слободните француски командоси за да се отвори патот за ослободување на Франција, а потоа и за пораз на нацистичка Германија, додава Ле Монд.
Прославите по повод годишнината од слетувањето на 6 јуни 1944 година ќе траат три дена. Емануел Макрон мора да им оддаде прва почит на бретонските борци на отпорот, првите падобранци на Слободната Франција и многуте цивилни жртви од Втората светска војна.
Тој претседаваше со првата церемонија во Плумелек, Морбихан, за да ја истакне „улогата на бретонскиот отпор и на падобранците, кои доаѓаа од Англија и од сите региони на Франција, во Океанија, кои ги здружија силите за да ги задржат германските засилувања“.
