ВИДЕО: Букурешт гори после елиминација на Георгеску од трката за претседател

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Романскиот екстремно десничарски популист Калин Георгеску беше исклучен од учество на претседателските избори со одлука на Централната изборна комисија што предизвика судири меѓу неговите приврзаници и полицијата синоќа во Букурешт, јавуваат романските медиуми.

Минатата година, романскиот уставен суд го поништи првиот круг на гласање во ноември, во кој победи Георгеску, откако разузнавачките служби открија дека Русија била вмешана во 800 сметки на TikTok кои го поддржуваат.

Изборната комисија вчера ја отфрли неговата кандидартура, наведувајќи дека „не ги исполнува условите на законитоста“ и дека „ја прекршил самата обврска да ја брани демократијата“.