ВИДЕО Дали е ова најубавиот гол на ЕП досега?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Романскиот капитен Николае Станчиу на мечот против Украина го постигна можеби најубавиот гол на Европското првенство досега. Романците го искористија непрецизното додавање на украинскиот голман Андреј Луњин, Денис Ман му ја додаде топката на Станчиу, а тој постигна фантастичен удар од околу 18 метри за водство од 1:0.

Со тој гол Станчиу ја шокираше фаворизираната Украина на отворањето на групата Е во која играат уште Белгија и Словачка. За искусниот 31-годишен играч за врска, член на Саудиска Дамак, тоа е прв гол на големите натпреварувања.