ВИДЕО: Демонстрант повреден со нож пред Народното Собрание во Белград

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред Народното собрание во Белград се собрани неколку стотици луѓе, извикувајќи „Уааа“, „Косово е Србија“. Меѓу демонстрантите се наоѓаат и лидерот на Демократската партија Зоран Лутовац и претседателот на Народната партија, Вук Јеремиќ.

На протестот вечерва се случи инцидент, во кој на еден од демонстрантите му е нанесена повреда со нож, а потоа се уапсени три лица.

Според порталот Нова.рс, приведените се веднаш префрлени со полициско возило во станица.