Видео: Драматични снимки од бомбардирањата во Газа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бројот на жртвите од израелскиот напад врз три згради во Газа се искачи на 33, вклучувајќи осум деца, соопшти тамошното Министерство за здравство.

Како што е наведено, 50 лица беа ранети утрово во тој напад, претежно жени и деца.Тоа е најсмртоносниот единствен напад од понеделникот вечерта, кога започна жесток конфликт меѓу Израел и палестинскиот исламист Хамас, кој владее со Газа, пренесе Асошиејтед прес.

Израелската војска, пак, соопшти дека екстремистичките организации во Газа истрелале 3.000 ракети кон Израел од 10 мај. Тие го надминаа темпото на лансирање ракети за време на ескалацијата на насилството во 2019 година и во војната против либанскиот Хезболах во 2006 година, изјави пред новинарите генерал Ори Гордина, пренесе АФП.

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц изјави дека овој пат Израел соборил повеќе од 1.000 ракети кои биле насочени кон населените области.

Војската соопшти дека денеска биле насочени кон 90 упоришта на Хамас и Исламски џихад, вклучително и домот на лидерот на политичкото крило Хамас во Газа, Јехија Синвар.

Тамошните власти соопштија дека бројот на жртвите од израелските напади се искачи на 181, од кои 52 деца, а повредени се 1.225 лица.

Десет лица беа убиени во Израел, меѓу кои две деца и еден војник.

Во текот на вчерашнито ден со земја беше срамнета зградата која беше седиште на неколку медиуми. Снимките во продолжение се вознемируваки: