ВИДЕО: Експлозија сруши зграда во Рим, повредени извлечени од под урнатините

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Експлозија најверојатно предизвикана од гас, урна зграда во населбата Монтеверде во италијанскиот главен град Рим, соопшти полицијата.

Под урнатините биле пронајдени неколку повредени лица. Пожарникарите успеале да извлечат едно тешко повредено лице кое било со изгореници.

Лекарите успеале да ја стабилизираат состојбата на мажот. Истрагата продолжува, но внимателно, поради тоа што може да дојде до ново уривање, а се проверува дали под урнатините има уште лица.