Вулкан во централните Филипини еруптирал рано утрово, исфрлајќи облак од пепел на височина од околу 800 метри во воздух, поради што властите го задржале постојното ниво на тревога, јавува Anadolu.
Според Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs), ерупцијата на вулканот Канлаон се случила кратко по изгрејсонце, а пепелта се ширела кон запад. Нивото на тревога 2 и понатаму е на сила, што укажува на засилена вулканска активност, објави локалниот медиум Inquirer.
Предупредување до граѓаните
Во изминатите 24 часа се забележани повеќе емисии на пепел и вулкански потреси, заедно со зголемени нивоа на сулфур диоксид и континуирано издигање на тлото.
Властите ги предупредија граѓаните да се држат подалеку од зоната на постојана опасност во радиус од четири километри поради ризик од ненадејни ерупции.
Погледнете го видеото.
