ВИДЕО Еруптираше вулканот на Камчатка по земјотресот!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вулканот Кључевскаја Сопка на рускиот полуостров Камчатка почна да исфрла лава утрово, веднаш по силниот земјотрес во регионот, соопшти руската Геофизичка служба.

Издадено е предупредување за избегнување на областа, а граѓаните веќе минатата недела беа советувани да не се приближуваат до неколку активни вулкани, вклучувајќи ги Авачински, Безимјани, Шивелуч, Кључевскаја Сопка и Каримски.

„Во овој момент имаме ерупција на Кључевскаја Сопка“, потврдија од службата, објавувајќи и фотографии од ерупцијата направени со камера на сеизмичка станица.