ВИДЕО: Голем пожар избувна во центарот на Лондон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем пожар избувна во централната лондонска електрична подстаница, а на жителите им беше наредено да ги држат прозорите затворени.

Црн чад и пламен се гледаа како се издигнуваат во близина на станицата Ворвик Авенју.

Петнаесет противпожарни возила и околу 100 пожарникари се на местото на настанот кај „Абердин плејс“.

Дел од соседна зграда исто така е зафатена од пожарот. Службениците примиле над 170 повици во пожарот кој избувнал нешто после 5 часот наутро.