ВИДЕО: Голем пожар на метро станица во Лондон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем пожар избувна денес на железничкиот надвозник покрај станицата „Elephant and Castle“ во јужен Лондон, а пламен и црн чад се издигнале високо на небото над главниот град.

Засега нема извештај за тоа дали има повредени лица.

Лондонските пожарникари соопштија дека 10 противпожарни возила и 70 пожарникари се борат со пожарот што предизвика пренасочување на возовите.

„Патиштата се затворени и на луѓето им се препорачува да ја избегнуваат областа и да ги држат затворени прозорците и вратите“, соопшти противпожарната служба.

Причината за пожарот засега не е позната.