ВИДЕО: Голем пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем пожар вечерва изби во фабриката за храна “Макпрогрес“, позната по брендот “Винчини“.

„Во моментов со огнот е зафатен еден погон а локалните винички пожарникари со подршка на пожарникари од Кочани се обидуваат да го спречат ширењето на огнот кон останатите погони“, велат од Дирекцијата за заштита и спасување.

На помош тргнаа пожарникари од Св. Николе, Струмица и Пробиштип кои треба да помогнат во гаснењето на пожарот.