ВИДЕО: Голем пожар во Обреновац, гори стоковна куќа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожар избувнал во кинеска стоковна куќа во центарот на Обреновац.

Како што потврдиле за РТС од МВР, дојавата за пожарот пристигнала околу 10:40 часот.

Пожарот избувнал во центарот на градот на улицата Милош Обреновиќ.

Според досегашните информации нема повредени, а сите работници и посетители се евакуирани.

На терен се 15 возила и 46 пожарникари.