ВИДЕО: Гори рафинерија во Русија, одекнуваат експлозии

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во текот на ноќта нападната е рафинеријата Туапсе во Краснодар во Русија.

Според руските „Телеграм“ канали, жителите околу три часот по локално време, слушнале десетина експлозии во рафинеријата. Се пожалиле дека после тоа било издадено предупредување за воздушна опасност.

На социјалните мрежи се појавија фотографии и снимки. Телеграм каналот „Марш“ објави дека предизвикан е голем пожар во рафинеријата. Руски извор тврди дека пожарот настанал како пад на остатоци од беспилотно летало и која наводно била украинска.