ВИДЕО: Голем пожар го зафати трговскиот центар „Глобал“ во Струмица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем пожар кој избувна во саботата во доцните вечерни часови речиси целосно ги проголта дуќаните кои се наоѓаат на првиот кат од трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.

На терен излегоа противпожарни единици од Струмица, а потоа беа мобилизирани и останатите од соседните градови.

🔴 ЛОКАЛНАТА ТВ ВИЗ ПРЕНЕСУВАШЕ ВО ЖИВО

Засега нема информации за евентуално повредени лица а не се знае ниту причината која го предизвикала пожарот.

Ги следиме случувањата од минута во минута…  

01:46 – Страшна снимка од внатрешноста на трговскиот центар „Глобал“ за време на пожарот

01:14 – Со порака на социјалната мрежа Фејсбук, се јави и пратеникот од редовите на СДСМ од Струмица, Костадин Костадинов.

01:01 – Итна медицинска помош им се укажува на неколку граѓани. Неофицијално биле во трговскиот центар, без да знаат дека има пожар.

01:00 – Стаклата се испукани по големиот пожар на трговскиот центар. На првиот спрат речиси и да нема веќе ништо. Пламените јазици ги пеплосаа и преградите меѓу дуќаните.

00:55 – Градоначалникот на Струмица е на терен…

„Во овој момент се обидуваме она што може д се спаси да го спасиме. Добро е што нема човечки жртви. Штетата ќе биде голема. Сите противпожарни единици од Струмица и регионот се ангажирани. Во следниот период ќе треба да се прават анализи за причините за пожарот“,

рече градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски.

00:44 – Пристигна екипа на Брза помош

00:37 – Силен дожд во моментов во Струмица, до некаде тоа ја олеснува работата на противпожарните служби. Голем број на граѓаните излегоа на улиците и се наоѓаат пред трговскиот центар.

00:34 – Од Владандово, Богданци и Гевгелија пристигнува помош во Струмица. Засега пристигната е помош само од Радовиш.

„Јас живеам повисоко во градот, го забележав огнот. Од сите места во Струмица ова се гледа“, вели жител кој се наоѓа пред објектот.

Се уште нема податоци за причините кои го предизвикале пожарот.