За време на ураганот Хенри, кој го погоди североисточниот дел на САД, гром го погоди Светскиот трговски центар во Њујорк, а тој момент беше забележан и преку видео снимка, пренесува Би -Би -Си.
Силниот дожд што го донесе Хенри предизвика голема штета во неколку американски сојузни држави, а повеќе од 140.000 домови останаа без електрична енергија.
Поројните дождови ги затворија мостовите, патиштата и заробија некои луѓе во возилата.
