ВИДЕО: Хаос во Истанбул, претепани навивачи на Манчестер Јунајтед

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во Лигата на Европа се среќаваат Фенербахче и Манчестер Јунајтед. Мечот се игра во Истанбул, а во најголемиот турски град пристигнаа и неколку стотици навивачи од Англија кои доживеја непријатности на гостувањето во Турција.

На неколку локации фановите на гостите пријавиле напад од страна на фанови на Фенербахче. Еден напад бил сниман и објавен на социјалните мрежи.

Долга е историјата на инциденти помеѓу турски и англиски навивачи. Токму од тука низ Истанбул има зголемено полициско присуство, особено околу стадионот на Фенербахче, каде вечерва ќе се игра натпреварот.