Неколку часа пред почетокот на римското дерби помеѓу Лацио и Рома, навивачите на двата клуба беа вклучени во тепачки и нереди на улиците на главниот град на Италија.
Во тепачката учествувале голем број навивачи, а можело да се користат стапови и факели.
Познато е дека меѓу навивачите на овие два клуба постои големо ривалство и дека често меѓу нив избиваат конфликти и нереди.
Овој пат се чини дека ситуацијата излезе од контрола.
Фудбалерите на Рома во сабота од 18 часот го пречекуваат Лацио во 31. коло во Серија А. Рома е петта на табелата и има 52 бода, додека Лацио е седми со 46 бодови.
06.04.2024🇮🇹Ultras Lazio attack “bar river” (meeting point of curva sud Roma) https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/KzsGzO8RPt
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) April 6, 2024
