ВИДЕО: Хезболах истрела 50 ракети кон Израел

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хезболах, проиранското либанско шиитско движење, утринава соопшти дека истрелело десетици ракети врз Беин Хилел, во северот на Израел.

Групата во соопштението напиша дека „како одговор на нападите на израелскиот непријател врз непоколебливите јужни села и безбедните куќи, особено нападите насочени кон селата Кафр Кила и Деир Сарџан и повредените цивили, Исламскиот отпор (Хезболах) за првпат го погоди Беит Хилел со десетици ракетни качуши“.

Според израелските медиуми, повеќето од ракетите беа пресретнати од израелскиот противракетен систем „Железна купола“.

Либански безбедносни извори соопштија дека од Либан врз северен Израел биле истрелани околу 50 ракети.

Од неодамна дојде до значително влошување на ситуацијата во односите меѓу Израел и Либан.